Прва од Балканот: Илина Арсова го искачи највисокиот врв во Индонезија

Добивај вести на Viber

Познатата алпинистка и планинар, Илина Арсова, на 1 јануари, во 13:40 часот се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида на 4884 метри, кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија, пренесува Ohrid News.

– Ова беше 6-тиот по ред во низата на искачени седум врвови на седум континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Имено, во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот- раскажа Арсова.