Прво љубов, па бебе: Јелена Розга се расплака на својот роденден

Добивај вести на Viber

Својот 42 роденден, пејачката Јелена Розга го прослави со фановите во Белград. Пејачката од Сплит настапи на настанот „Music Week", публиката ја изненади со торта и со роденденска песна, гест кој ја расплака Розга.

За порталот Србија Данас, таа ги откри своите роденденски желби и планови.

„Сум имала убави родендени и до сега, но најмногу сакам да славам на сцената. Не знаев што ми подготвуваат, ме расплакаа“, иајавила пејачката. 

„Сакам само да сум здрава, а другото е лесно. Посакав дуетот кој го работам добро да помине и да ми се случи љубов. Прво љубов, па потоа бебе. Немам љубов, слободна сум“ изјавила Розга. На прашањата на новинарите дали поранешниот партнер, музичарот Стјепан Хаусер ѝ го честитал роденденот, таа кусо одговорила со не. 

Фото: Србија Данас, Саша Џамбиќ