Прво ослабе 45 килограми, а сега го „урна“ интернетот со провокативни фотографии: Трансформација за која не престанува да се зборува!

Џесика Симпсон во последно време прави сериозна врева со својот изглед. Откако ослабе 45 килограми, не престана да се фотографира во провокативни пози, а нејзината последна фотографија на социјалните мрежи го запали интернетот.


Џесика Симпсон отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед, многумина ја паметат како атрактивна русокоса која шокираше кога за прв пат се појавил во јавноста со вишок килограми. Сега таа се „врати на себе“ и изгледа повторно онака како што многумина ја паметат, и очигледно далеку подобро.

Таа долго време се бореше со вишокот килограми што ги насобра во текот на трите бремености, а покрај тоа, водеше и битка со пороци.


Сега таа успеа да ослабне повеќе од 45 килограми, па на Инстаграм објави фотографија на која се пофали со беспрекорна фигура во провокативен костим за капење.

Да се ​​потсетиме дека неодамна го покажа, како што самата изјави, своето најлошо издание од 2017-та година, а со таа фотографија призна и дека со години се борела со зависности поради сопствените несигурности.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)


Пред четири години престанала да конзумира алкохол и апчиња, како што наведува во своите мемоари „Отворена книга“, а покрај тоа почнала интензивно да вежба и го променила начинот на исхрана.


Извор: zena.blic.rs