Публиката одлучува, а победникот ќе замине дома со вредни награди: Имаат ли Мите или Марија шанса за победа во „Ѕвездите на Гранд“?

Финалето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи вечерва, во 21:00 часот, а сега ќе ви откриеме каква награда го очекува победникот.

За титулата најдобар ќе се борат 16 кандидати од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, кои по две години музичка борба влегоа во најтесниот круг, колку што поради пандемијата траеше оваа сезона.

Саша Поповиќ ги промени правилата во оваа сезона, па така победникот нема да го бира стручното жири, туку исклучиво публиката преку СМС гласање, а победникот ќе го очекува одлична награда.

„Покрај статуетката, победникот ќе добие автомобил, две песни од страна на продукцијата и комплетен маркетинг“ - пренесува „Гранд онлајн“.

Да потсетиме, финалисти се: Мите Стоилков, Валентина Кузмановиќ, Мухарем Хадровиќ, Марија Грувска, Белма Хусеинефендиќ, Селим Селимовиќ, Александар и Димитрије Казиќ, Крстиња Тодоровиќ, Мартин Ајдаревиќ, Исак Шабановиќ, Садик Хасановиќ, Зорја Пајиќ, Ивана Богичевиќ, Махир Мулалиќ, Немања Петровиќ и Бојан Павловиќ.

За да ги поддржите претставниците од Македонија испратете порака на 145333 со број 6 за Марија Груевска и број 14 за Мите Стоилков.

Финалето во живо ќе може да го проследите на Канал 5 телевизија од 21:00.