„Пушев цигари од петто одделение, крадев се коцкав и го продадов цело злато од дома“: Шокантна исповед на Панчо од ДНК

Добивај вести на Viber

Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК, неодамна раскажа за тоа какво дете бил и какво детство имал. На изненадување на сите, тој откри шокантни детали од своето бунтовно детство, а многумина не можеа да поверуваат дека тоа навистина се случило.

Имено како што вели тој, во поткасост на Давид, никогаш не бил лош и злонамерен, но недостатокот на татковска фигура во неговото растење оставил голем траг.

На прашањето какво дете бил тој одговори:

„Тоа да ја прашате сестра ми и маалскиве мои у старо мало пошто они ме израснаа …“.

А на прашањето дали и правел проблеми на мајка му одговори:

„Многу многу“, на што се надоврза дали се кае за сето тоа што го направил.

„Види јас немав татко не го ни памтам, на 7 години почина, јас бев старо мало уште од мал многу се коцкав, ја продадов бурмата, цело злато од дома, пушев цигари од 5-то до 7-мо како ромчињата, како да ти кажам … Во школо бев многу лош со оцени, не сум бил никогаш лош ниту злонамерен, ама многу бунтовен … Но немав татковска рака да удри по маса, мајка ми дури ми купуваше цигари, ја караа, но таа велеше подобро јас да му купам него он да краде за да има …“, изјави Панчо.

Денес тој е еден од најуспешните музичари и диџеи кај нас со повеќе децениска кариера, татко е на два сина Андреја и Марјан. Не пуши, не пие и не користи наркотици, живее здрав живот, онака како што  отсекогаш посакувал.


Фото:Инстаграм