Разголениот Бред Пит и неговата девојка Инес: Фотки од познатиот пар ги парализираа социјалните мрежи
Насловна фото: Foto:Profimedia/Инстаграм
Врската помеѓу актерот Бред Пит и дизајнерката Инес де Рамон станува се посериозна. Парот заедно ја дочека Новата година во Мексико, од каде доаѓаат хит фотографиите.
Папараците успеаја да снимат како Бред Пит (59) и Инес де Рамон (32) уживаат на сонцето, на крајно лежерен начин. Познатиот актер се фотографираше гол до половината, а мускулестото торзо предизвика коментари дека изгледа фантастично во шестата деценија.
Ваквите коментари го следат во текот на неговата кариера, покрај оценката дека е одличен во својата работа. За Инес де Рамон се пишува и во суперлативи, неповрзани со овие фотографии, а иако првите гласини за нивната романса изгледаа како обични озборувања, работите тргнаа во друга насока.
Актерот минатиот месец го прослави својот 59-ти роденден со новата девојка, а потоа беше најавено дека заедно ќе ја дочекаат 2023 година, што и се случи токму тоа.
„На Бред навистина му се допаѓа Инес. Се запознале преку заедничка пријателка. Таа е многу слатка. Инес е фина, забавна и енергична. Таа е одлична личност. Бред сака да поминува време со неа“, рекол извор за магазинот „Пипл“.
Да потсетиме, врската помеѓу Бред Пит и Инес стана позната минатиот месец кога се појавија на концертот на Боно во Њујорк. Изгледаа многу блиски, како вистински пар, а блиски луѓе на актерот изјавија дека оваа дизајнерка на накит станала важен член во „тимот на Бред“.
фото: ИнстаграмСпоред американскиот магазин „Пипл“, новата холивудска двојка новогодишните празници ќе ги помине заедно.
Како што Инес зачекори во неговиот живот, Бред го промени своето однесување, па иако долго време јавно не ги искажува чувствата кон жена (како што тоа го прави со нова девојка), сега се однесува сосема поинаку. Таа важна промена е дополнително навестување дека нивната романса станала сериозна.
Додека ужива во љубовта со Инес, актерот продолжува да води правна битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли, од која се раздели во 2019 година. Поранешниот пар не можел да се договори за финансиите и старателството над помалите деца - најстариот наследник Медокс веќе е полнолетен, односно има 21 година, па е изземен од тој договор.
Foto:Profimedia
Новата романса на Бред Пит се совпадна со промоцијата на филмот „Вавилон“ каде тој ја толкува главната улога. „Злобни јазици“ ќе кажат дека врската е иницирана поради промоцијата на ова дело, но на актерот едвај му е потребна промоција. Ќе видиме...
Бред Пит беше во брак со Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, со кои има шест деца.
Инес де Рамон беше во брак од 2019 до 2022 година со актерот Пол Весли, со кого започна врска во 2018 година. Познато е дека се разделиле, но не се знае дали разводот е конечен на суд.
Завршила студии за бизнис администрација во Женева, има диплома за нутриционизам, а најмногу се занимава со дизајнирање накит што го носат бројни познати личности како Хејли Бибер, Кортни Кардашијан и Менди Мур.