Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче

Добивај вести на Viber

Бракот на 10 годишното девојче со 40 годишен маж предизвика бура од реакции во Малезија, каде се погласни се барањата за донесување закон за одредување на минимална старосна граница за стапување во брак.


Родителите на девојчето кои се од Тајланд го договориле бракот со мажот од Малезија, на кого таа ќе му биде трета сопруга, под услов да не го напушти домот се доека не наполни 16 години.

За Уницеф овој случај е шокантен и неприфатлив, но не можат да направат ништо дополнително бидејќи според владата во Малезија, нема официјален документ за стапувањето во брак, што значи дека се работи за брак случен според исламски шеријатски закон.

Активистите во Малезија кои се обидуваат да ги спречат ваквите бракови, тврат дека мажот бил успешен трговец, а дека родителите на девојчето биле сиромашни, па затоа и не се двоумеле многу на неговата понуда.