РЕБЕКА ЗА ОЛИВЕР: БЕШЕ ОДМЕРЕН ГОСПОДИН И МИ ПОДАРИ БУКЕТ
Поп-пејачката Ребека со емотивен статус на својот фејсбук профил, се прости од својот драг пејач и соработник, Оливер Драгојевиќ. Ребека сподели спомен од детсвото, кога за прв пат го слушнала во живо.
„ Оливер испеа многу убави песни. Прв пат го слушав кога имав само 5 години на Брач во Хрватска во еден ресторан, на терасата. По 25 години од тогаш, не се сеќавам дали беше 2001 или 2002 година, му бев специјален гостин на два концерти во Универзална Сала. Ја одбрав „Вјеруј у љубав“, иако беше многу тешко да се одбере која песна да се отпее со Оливер. Тој беше одмерен господин и не многу зборлест кој на крајот ми подари еден букет. Неговиот израз во полн сјај беше музика и поезија. Ја побарав снимката од тие концерти и за жал до ден денес ја немам, а би сакала. Почивај во мир легендо! Вечна ти слава!“, нашиша Ребека.