Рецепт за чоколадна торта со бисквити: Не се пече и е готова за 5 минути
Комбинацијата од чоколадо и бисквити ја обожаваат повеќето луѓе. Особено ако се работи за торта што се подготвува брзо и лесно.
Оваа торта можете да ја збогатите со разни додатоци, како што се лешници, ореви, брусница, суво грозје, бадеми.
Состојки:
1 кг бисквити
200 мл млеко
250 гр путер или маргарин
300 гр чоколадо
Подготовка:
Грубо искршете ги печените лешници, искршете ги и бисквитите и сè ставете во подлабок сад. На средна температура се ставаат млекото, шеќерот, путерот и 250 гр чоколадо да се стопат додека не се соединат сите состојки.
Со чоколадната течност прелијте ги бисквитите, додајте ја брусницата и сè убаво измешајте.
Во калапот ставете хартија за печење или подмачкајте ја, па намачкајте ја смесата за колачот и оставете ја да се излади.
Останатите 50 гр чоколадо растопете ги со лажица масло, па посипете ја изладената торта.
Оставете го чоколадото да се стегне, па уживајте.
Извор: www.telegraf.rs