Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова

Добивај вести на Viber

Вера Петрова, исто така го прифати предизвикот на Женски магазин. Таа за себе вели дека најчесто кога готви тоа го прави „од око“ и со намирници кои ги има во домот, па така настанал и овој рецепт за  Енергетски бомбици.


Потребни намирници:

- Путер

- Путер од кикирики

- 100 гр Црно чоколадо

- Мелена плазма

- Кокос/Какао

- Масло за готвење

- Густин


Начин на подготовка:

Путерот да се растопи, па се додава путер од кикирики (околу пола тегличка), па потоа додајте ги сувите состојки, мелената плазма, кокосот, а може по желба да додадете и какао.
Во овој рецепт Вера ставила листови кокос. Откако убаво ќе се соединат состојките додајте 1-2 лажици густин, кој претходно може да го растворите во малку вода.

На крај, оформете ги убаво колачињата, ставете малку масло за готвење на рацете доколку не можете да ги оформувате, а на самиот крај ставете им одозгора растопено црно чоколадо (црно чоколадо растопено со малку путер).


Бон аптит!


Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез

* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries

* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова

* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова

* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка