Рецепт за Новогодишен колач: Крцкава кора и кремаст фил
Фото: Igy the cook
Еве еден супер рецепт за вкусен Новогодишен колач.
Кора:
100гр интегрално брашно
100 гр овесни снегулки
120 гр кокосов шеќер
еден прстофат сол
100 гр кокосово масло
Фил:
450 гр грчки јогурт
30 гр кокосов шеќер
16 g густин
300 g овошје
Подготовка:
Ставете ги сите состојки за кората во еден сад. Промешајте. Ставете ја хартијата за печење во калап (15 x 22cm или 20 x 20cm) и префрлете 3/4 од смесата за кора со притискање. Во друг сад измешајте ги состојките за филот и ставете ги преку кората рамномерно распоредувајќи ги.
Овошјето ставете го по целата површина на филот. Остатокот од смесата за кора (1/3) посипете го врз овошјето, лесно притискајќи. Печете 40 минути на 180 степени. Се остава да се излади и се става во фрижидер два часа да се стегне.
Извор: stil.kurir.rs