Редовен долг се*с и тоа на духовно ниво: Џогани објасни како изгледа толку добро на 63 години

Добивај вести на Viber

Еден од најпопуларните изведувачи на деведесеттите дефинитивно беше Ѓоле Џогани, кој запали и блескаше на Балканската сцена, а сега по три децении открива како се‘ уште ја одржува совршената форма.

„Идемо на Марс“ им е позната песна на оние кои пораснаа во деведесетите, но и движењата што Џогани ги правеше со тогашната сопруга Слаѓа и неговиот тим играчи, а тогаш беше јасно зошто е во толку добра форма, а кога деновиве се појави неговата фотографија од плажа, моравме да дознаеме како и денес изгледа како и пред многу години.


Џоле откри дека користи добри креми и други производи за нега на кожата.

„Наутро го мијам лицето, потоа ставам една крема како подлога, па главната крема, па крема против брчки за пределот околу очите. Сето тоа го повторувам навечер пред спиење“, откри тој, а неговата сопруга Весна во едно интервју објасни дека тој има повеќе креми од неа. Сепак, вакво тело во 63 не е направено преку ноќ.

„Отсекогаш сум работел на моето тело и секогаш сум водел спортски живот. Не знам колку луѓе знаат, но јас бев спортист на Црвена звезда. Уште како тинејџер, на возраст од 16-17 години, бев завидно атлетски граден. Подоцна почнав да танцувам. Постојан тренинг, кореографија, тоа влијаеше и на мојот изглед. Морам да кажам и дека вежбав јога. Таа комбинација на физичко и духовно ги носи најдобрите резултати“, рече Џогани.

Во едно интервју тој откри дека отсекогаш вложувал во себе и својот изглед.

„Никогаш не сакав да трошам пари на глупости и секогаш инвестирав во себе и мојот изглед. Денеска одам само два пати неделно во теретана и тоа е доволно за да изгледам вака. Вежбам и танцувам цел живот и моето тело го меморираше сето тоа, па денес не морам многу да работам на моето тело за да изгледам вака. Исто така, важно е да живеам здрав живот, да не пушам, да не пијам. Си легнувам рано. Потребна е одредена жртва за да бидеш убав, тоа е неизбежно“.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)


А освен тие фактори, тој издвои уште една работа која е клучна за добрата форма.

„Редовниот секс, меѓу другото, е важен и за добар изглед, бидејќи тогаш се лачи хормонот допамин, кој е многу важен за кожата. Ова е особено важно во овие години кога веќе можеме да видиме дека старееме. Во ништо не треба да се претерува, не претерувам ни јас, но го имам редовно и тоа ми е многу важно. Сакам само да нагласам дека овој чин треба да биде духовно-физички контакт. Тоа не треба да биде само вежбање на физичка, животинска потреба, туку треба да биде на повисоко ниво“.


Фото: Инстаграм /Youtube - screenshoot

Видео: Youtube