Ретко ја покажува партнерката: Иван од Либеро Бенд со Ивана уживаат на Пелистер
Фронтменот на групата Либеро Бенд, Иван Јованов ретко објавува фотографии со својата партнерка Ивана, но овој викенд одлучи со јавноста да сподели фотографија како ужива во нејзино друштво.
Пелестер, односно на Нижополе беше дестинација на која парот одмараше овој викенд.
Пред неколку месеци тој со јавноста сподели дека ќе стане татко и дека очекува ќерка.
Иван успешно ја криеше врската од медиумите, но за Женски магазин зборуваше и за неговата нова улога која треба да ја игра во животот, но и за партнерката.
„Во суштина ништо круцијално не е сменето во мојот живот. Јас и Ивана сме заедно повеќе од една година и го живееме темпото кое ми е наметнато поради мојата професија без никаков проблем.Животните искуства ме научија на тоа дека убавите нешта не треба да се споделуваат со јавноста. Така и ќе продолжам, ќе ја чувам мојата врска далеку од очите на јавноста колку што тоа е возможно“, раскажа Иван.
Фото: ИнстаграмИнтервју со Иван Јованов: „Поминав низ многу искушенија, Ивана е свесна што има до себе, поддршката која ми ја дава ме охрабрува“Таа доби син, а тој чека девојче: Поранешното момче на Антонија Гиговска, ќе стане татко (ФОТО)