Родила 4 бебиња за 11 месеци во време на пандемијата: Мојот сопруг не веруваше што ни се случува

Во Шефилд, Англија, едно семејство се зголеми за четири члена за време на пандемија на корона вирусoт.

Џесика Причард (31) беше двапати бремена за време на пандемијата - првиот пат кога ја доби ќерката Миа, а потоа откри дека очекува тројка.

- Беа вртоглави 12 месеци, имав дете за време на рестриктивните мерки, а потоа уште три бебиња - рече Причард, која работи во локалното основно училиште, пишува „Њујорк пост“.

Иако таа вели дека претходните 12 месеци биле исцрпувачки за неа и нејзиниот сопруг Хари (34), таа посочува дека тие се „среќни и благословени“ со детска радост.

Додека беше на породилно отсуство, откако Миа се роди во мај 2020 година, Џесика во октомври дозна дека е бремена и кратко потоа дека чека тројка.

- Ми кажаа на ултразвук дека ќе родам близнаци и тоа доста ме шокираше. Тогаш докторот продолжи да гледа и ми рече дека всушност носам три бебиња. Се прашував како е тоа можно и едвај чекав да се вратам дома за да му кажам на сопругот. Отпрвин не веруваше, а потоа почна да се радува како никогаш досега во својот живот - рекла Џесика.

Двојката има уште едно дете-осумгодишната Моли, а трите новородени бебиња се викаат Ела, Џорџ и Оливија.