Родителите во долгови, а децата ги облекуваат во скапа и брендирана облека: Имаме неплатени сметки, но со тоа се живее...

Оваа приказна налути многумина.

Алан и Кели Мекена имаат три деца на кои трошат огромни суми пари и им купуваат исклучиво дизајнерска гардероба.

Ова семејство се појави пред неколку години во емисија, која сега повторно ги запали социјалните мрежи, бидејќи луѓето не можат да поверуваат дека децата имаат колички кои чинат повеќе од 400 евра, мотори и капути од 200 евра.

Сето ова можеби нема да биде толку шокантно доколку се работи за побогато семејство, но она што ги налути луѓето е приказната за семејството.

- Може да имаме неплатени сметки и долгови, јас можам да живеам со тоа, тоа воопшто не ме загрижува. Со пари сме во лоша ситуација, немаме заштеда, преживуваме од ден на ден - изјави мајката во емисијата.

Кели објасни дека почнала да ги облекува своите деца во дизајнерска облека веднаш штом се родиле, за луѓето да мислат дека таа е добра мајка.

- Веднаш почнав да ги облекувам во брендирана облека за луѓето да мислат дека добро си ја работам работата како мајка. Сакам моите деца да изгледаат убаво. Имаат „Барбери“ и „Армани“, сите скапи брендови. Не сакам евтини работи - рече таа.

Реалноста е дека секој од нас познава барем едно такво семејство кое не плаќа сметки и зема кредити за „достојно“ да прослави роденден, матура, свадба на децата, за да се облече, за да се покаже...

извор:najzena