Ручек што долго се памети...

Добивај вести на Viber

Иако деновите се потопли и многумина од нас одлучуваат да имаат лесна закуска, сепак, ручеци организирани за себе и најблиските можат да останат уште долго во мислите. За моментите од вашиот ручек да останат запаметени, а вкусот незаборавен, ви нудиме неколку совети кои можат лесно да доведат до посакуваната цел... 

Откако ќе го подготвите вашиот омилен оброк, потрудете се да ја поставите елегантната и модерна трпезариска маса на Прима. Ставете ги вашите омилени шарени садови и никако не заборавајте вазна со свежо цвеќе. 

Би било убаво столиците да бидат тапацирани со светли нијанси на штофот, но доколку имате поинакви столици, тогаш ќе биде доволно да додадете светли перничиња кои ќе придонесат за удобноста и стилот – исто како и столиците на Прима.  Користете украсни чинии, свеќи и вазни во светли нијанси што ќе го подобрат изгледот и амбиентот на трпезаријата. Во некој од аглите можете да поставите и светилка која ем ќе го осветли просторот, ем ќе внесе дополнителен допир на елеганција.

Знаете ли што ќе се случи после тоа? Бидете уверени дека за овој ручек ќе се зборува уште долго, долго... 


ПР објава