Ручекот во Хроно- режимот на исхрана
Д-р Ален Делабос е доктор по медицина, хроно нутриционист, директор на Одделот за клинички истражувања IREN'S, на Европскиот институт за исхрана и здравствени истражувања, и врвен експерт кој го разви Хроно - методот на исхрана. Оваа диета била измислена уште во 1986-та година, а неодамна стана многу популарна.
Вчера дознавте каков треба да биде појадокот во Хроно-режимот на исхрана, а денеска го продолжуваме нашиот серијал со главното јадење во денот.
Кафе може да пиете по ручекот.
Ручекот во ХРОНО
За разлика од појадокот, ручекот не треба да биде во изобилство, само е неопходен за да го измамите гладот до следниот оброк. Пожелно е да не се мешаат протеини и јаглени хидрати. Обидете се да јадете помалку масти за ручек.
За ручек, треба да јадете животински протеин (или некој друг вид на протеини) или зеленчук (парен или во форма на салата).
Можете да јадете: свинско, говедско и јагнешко (без леб). Ако не сакате толку моќен протеин за ручек, можете да јадете зеленчук.
Заклучок: не е дозволено да се мешаат протеини и јаглехидрати за ручек!
Ручекот овозможува телото да остане во форма за остатокот од денот. Според овој режи, треба да се одбере храна која е богата со животински протеини и храна богата со скроб. Треба да биде помалку масна отколку за појадок, а исто така треба да обезбедите и помали количества на шеќери и растителни протеини. Конечно, немој да јадете премногу за ручек затоа што не треба да го оптоварува телото бидејќи мора да биде уште активно пред да може да се одмори.
Веќе утре продолжуваме со тоа каква треба да биде вечерата во Хроно исхраната. Следете не и споделете го Вашето искуство.