„Сама себе сѐ избркав од училиште“: Карлеуша сменила три средни училишта – Со задоволство се сеќавам на класниот и директорот, одвратни беа!

Добивај вести на Viber

Пејачката која годинава шокираше со својата исповед во подкаст, а потоа испровоцира бројни јавни личности од домашната сцена, пред извесно време откри дека како тинејџерка сменила дури три средни училишта.

Имала само 18 години кога го снимила нејзиниот прв албум, а дотогаш, според неа, имала бројни забрани во училиштето во учела. Станува збор за Земунската гимназија на која „посебно се сеќава“ поради класот и директорот.

„Со задоволство се сеќавам на Земунската гимназија, особено на класот и на директорот, кои беа одвратни. Не е точно дека ме избркаа од тоа училиште, јас се отпишав од неколку причини. Не ги пуштаа девојчињата да се шминкаат. Не смееа да носат мини, не смееа да имаат руса коса, не смееа да зборуваат на час, не смееа да јадат на час“, раскажала Карлеуша, која заврши само прва година во Земунската гимназија.

Во втора година се запишала на Политехничкото училиште во Нов Белград, машински смер, но и таму не останала долго. По само три месеци се префрлила во туристичкото училиште кое го посетувала вонредно. Јелена еднаш призна дека бидејќи не завршила факултет, таа била „црната овца во семејството на академски граѓани“.

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs