Само животни во Париз: По Кајли и Шајк носеше лав, а Наоми волк - некои беа воодушевени, други згрозени
На модната недела во Париз,
поточно на ревијата на новата колекција на модната куќа „Скајапарели“,
познатите дами прошетаа некои делови од животни...
Модната недела во Париз интригира многумина од ден на ден. Што е тоа што ќе стане тренд, модерно, но и што да очекуваме во наредниот период? Многу познати куќи ги зазедоа своите места под сонцето во светот на модата, а се чини дека една привлече најголемо внимание.
Француската модна куќа „Скајапарели“ е основана од италијанската модна дизајнерка Елза Шапарели во далечната 1927 година во главниот град на Франција. Таа важеше за една од највисоко оценетите и најистакнатите жени во светската мода пред избувнувањето на Втората светска војна. Таа беше „лута“ ривалка на нејзината колешка Коко Шанел, но и со причина. Колекциите на Шапарели во тоа време привлекоа големо внимание, особено кога младата уметничка почна да соработува со сликарот Салвадор Дали. Нејзините колекции секогаш беа инспиративни, олицетворение на необичното и често беа украсени со комбинација на неспоиво.
И како што изгледа, традицијата на модната куќа „Скајапарели“ е задржана до денес. Овој пат таа остави многумина во страв по ревијата и лансирањето на новата колекција за 2023 година на модната недела во Париз.
Претходно можевме да видиме како познатата млада милијардерка Кајли Џенер и една од сестрите на семејството Кардашијан-Џенер носи фустан со лавовска глава. Но, изгледа тоа не е се‘ што доаѓа од оваа модна куќа. Пристапувајќи на Интернет денес, можеме веднаш да ги видиме најновите настани низ светот, како и од модната недела во Париз.
Видеото кое неодамна го здогледа светлото на денот некои воодушеви, други остави без зборови, а други згрози. Сепак, денес во модата и уметноста ретко кој може да изненади...
Освен Кајли Џенер, необични фустани со животински детали носеа и други познати дами. Така Ирина Шајк носеше долг црн фустан со лавовска глава на страна. Фустанот беше изработен од плиш, кој ќе биде апсолутно тренди во 2023 година. Канадскиот модел Чарлом Харлоу исто така носеше уште едно диво животно - снежен леопард. Најголемото изненадување на 52-годишна возраст беше Наоми Кембел, која на пистата прошета во долга црна бунда со глава од волк на рамениците. Многу смело!
Фото: Инстаграм