Самохраниот татко да не се мачи со 5.000 социјална помош: Панчо и Андреј израдуваа семејство во Штип
По објавената сторија на штипската телевизија Стар, за самохраниот татко Влатко, кој се грижи за Елеонора (6) и Теодора (4), Панчо и Андреј од дуото ДНК решија да му помогнат на ова семејство.
„ Дојдовме до Штип на пред новогодишна дружба и воедно да им покажеме дека не се заборавени од светот. Донесовме некое пакетче и подароци за децата како што е редот, а тие прескреќни, не изгушкаа и не нагостија“, раскажаа Панчо и Андреј.
Тие ги замолија сите поголеми компании, колку што можат да помогнат, таткото да се вработи, а и за финансиска помош за ќерките да имаат безгрижно детство.
„ Бројот на Влатко е 077845029, па сите добри луѓе слободно нека го исконтактираат.
Ние си поминавме преубаво, малечките Елеонора и Теодора ни ги стоплија срцата, а Влатко не плени со неговата гостопримливост и огромна татковска посветеност.
Се надеваме дека се уште постојат добри и хумани луѓе кои ќе му помогнат на Влатко и нема да го остават да живее и се мачи со 4.999 денари, месечната социјална помош која ја добива од државата“, велат од дуото ДНК.
„Воедно сакаме со оваа заедничка фотографија на сите вам добри луѓе да ви ја честитаме новата 2019 година. Да ви посакаме здравје пред се, и во Новата да даде Господ да не мора да молиме за донации туку да се гледаме на настапи, да сме сите среќни и да пееме македонкса музика“, посакаа Панчо и Андреј.