Животна училница // Приказни
Сања Маркоска има минус 60 килограми благодарение на познатата хроно диета
- 25 Јуни, 2018
Така веќе сме на најважното прашање, на кое сум многу горда и со задоволство ќе кажам дека имам изгубено 60 килограми за две години. Првите 55 ги загубив во првата година и 5 во втората. Сите во рестрикција!
Сања Маркоска која има 34 години ослабе 60 килограми со помош на познатиот режим на исхрана- хроно. Нејзиниот живот пред хроно диетата е пример за лош однос кон себе си, па силната волја и желба да се промени лошиот животен режим и да се има убав живот е позитива на денот.
За својот нов живот по ослабените килограми, со кој е задоволна и самата и сите околу неа, раскажува во емотивното интервју за Женски Магазин.