Сара Мејс и Димитар го открија полот на бебето: Илина е пресреќна (ВИДЕО)

Пејачката и харфистка Сара Мејс неодамна објави дека е бремена по втор пат. Овојпат заедно со своите најмили, реши на интересен начин да открие дали Илина ќе има братче или сестричка.

Секако кутијата со сини балони кои најавија дека очекуваат машко бебе, ја отвори преслатката Илина која воедно беше пресреќна.

По откривањето на полот, следуваше домашна забава.

View this post on Instagram

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)



Претходно Сара за Женски Магазин откри дека Илина повеќе сака да има сестричка.

- Илина ме праша: Мамо, сестричка ќе биде? Кога ѝ реков дека не знам ми одговори: „Ако е братче, ќе го направиме сестричка“.