Се бореше како лав: Српска мисица почина на 33 години по борба со рак

Добивај вести на Viber

Српската манекенка Дијана Мијолковиќ почина на свои 33 години, пренесуваат српските медиуми.

Мис на Европа ја изгуби долгата и тешка борба со ракот на грлото на матката кој ѝ беше дијагностициран на 27 години. За тешките, но и убавите моменти, Дијана ги известуваше бројните следачи преку нејзиниот блог, преку кој делеше и совети и искуства.

- Научете уште денеска да го цените целиот свој живот. Исфрлете ги лошите навики, пороци, променете се. Лошите навики многу можат да го променат вашиот живот. Животот е само еден и е многу краток. Никој од нас не знае што го чека утре. И дали воопшто го чека. Затоа немојте да се препуштите на својата иднина. Искористете го денеска и направете нешто за себе и за својот организам- ова е еден од последните постови на Дијана.

Српските јавни личности споделуваат постови за сочувство и се во голема жалост за оваа преубава девојка чиј живот прерано заврши.

- Се бореше како лав, ангелу, ова е направедно- се најчестите коментари кои се споделуваат.