Се бореше со депресија па ја пронајдоа мртва: Почина манекенката Анлајз Бракензик
Топ моделот од Австралија Анлајз Бракензик (45) е пронајдена мртва во својот дом, откако на Инстаграм објави таинствени пораки.
Од полицијата изјавија дека нема осомничени во врска со нејзината смрт, пишува „Дејли стар“. Пронајдена е во својот стан во Сиднеј, откако неколку дена не се јавувала на пријателите.
Манекенката објави низа тажни пораки за тоа колку „животот станал мрачен и тежок“. Во април минатата година, манекенката, актерка и активистка се раздели од сопругот Дени Голберг по 16 години брак. Во една од пораките за своите, повеќе од 38.000 фанови на Инстаграм, на 14 декември напиша дека сѐ ѝ се чини искривено и наопаку.
„Но, денес е нов ден, а оваа година имав некои од најубавите ангажмани, патувања и искуства во животот, и за тоа сум благодарна“, напиша.
„ За среќата и за светлината, за бескрајните можности и за новите почетоци“, напиша таа. Во ноември, манекенката ја сподели објавата на здружението кое се занимава со превенција на самоубиства, чиј амбасадор беше таа.
„ Мораме да престанеме да молчиме за менталното здравје, затоа што може да се случи и на најдобрите од нас. И тоа во најлошите ситуации“, рече Анлајз тогаш. Таа објави дека со години се борела со депресијата и околу борбата со менталното здравје секогаш отворено зборуваше.
Полицијата го посети нејнзиниот стан откако пријателите пријавиле дека се загрижени за Анлајз. Неодамна, манекенката изјави дека се чувствува оптимистички и добро.