Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27 јули. Денеска за порталот „Вистина.мк“ се огласи Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска која вчера преку отворено писмо ги потврди гласините дека се разведува.
Познатата пејачка го обвини Мирчески за семејно насилство кој за „Вистина.мк“ изјави дека сѐ уште живеат заедно во семејната куќа во Охрид.
- Треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене.. Сега одеднаш сум станал семеен насилник што е кривично дело - вели Мирчески.