Се наврати на убави времиња: Вака Северина изгледала пред 31 година на матурска (ВИДЕО)

Благодарност до непознатиот автор на ова видео, кој ме врати во убави времиња, објави Северина. Пејачката на снимката има 19 години, а наскоро подготвува голема забава за својот 50-ти роденден

Секој почеток е тежок. Деновиве на социјалните мрежи се појави видеото на Северина од 1991 година во кое таа ги забавува матурантите од Дрниш.

На снимката се гледа како го пее евровизискиот хит „Insieme 1992“, кој победи на Евровизија одржан во Загреб една година претходно.


Во сив комбинезон со црна лакирана капа на главата, Севе не ги знаеше најдобро зборовите на песната и постојано гледаше во сталакот за ноти.

- Благодарност до непознатиот автор за ова видео, кој ме врати во убави времиња - објави Северина.

Северина на видеото има 19 години, а наскоро подготвува голема забава за својот 50-ти роденден.


Foto: PIXSELL/Youtube