Се омажи Џина Шумахер: На венчавката присуствуваше и чичко ѝ Ралф Шумахер кој си фати момче по 20 години брак со сопругата

Добивај вести на Viber


Ќерката на славниот Михаел Шумахер се омажи викендов во семејната вила на Мајорка. Церемонијата се одржа на имотот кој нејзината мајка Корина го купи во 2017 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Засекогаш да за тебе, да засекогаш“, порача ќерката на Михаел Шумахер на Инстаграм, покрај фотографијата со нејзиниот сопруг.

Џина Марија Шумахер се омажи во венчаница во бохо стил. Свадбената церемонија траела околу половина час, пишува Ultima Hora, а потоа имало прослава на која се пуштала кантри музика.

Медиумите пренесуваат дека и нејзниот, Ралф Шумахер, бил на венчавката со својот партнер, со која започнал врска по долги години брак со сопругата. Ultima Hora не наведува дека таткото на невестата на кој било начин бил присутен на свечениот настан.

View this post on Instagram

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)


Интересно е што семејството Шумахер купи уште еден имот во Мајорка во 2021 година, во близина на претходниот каде што се одржа венчавката. За тоа дале три милиони евра, а како што објавија германските медиуми, планот бил лекувањето на славниот Шуми да продолжи токму таму.

„Коријере дело спорт“ напиша дека Шумахер всушност се наоѓа во вилата во која се омажила неговата ќерка и дека обезбедувањето ќе го штити гостите да не го фотографираат, „Билд“ објави дека Михаел ќе се појави на овој настан.

Михаел Шумахер пред седум и пол години имаше тешка несреќа на скијање во Гренобл, Франција, кога се здоби со повреда на главата. Оттогаш, неговото лекување продолжува под превезот на тајноста. Сепак, британски „Експрес“ најавува дека во претстојниот биографски филм „Шумахер“ ќе се појават нови снимки од легендарниот Формула 1 возач.

Кога во јули 2014 година беше префрлен во Лозана, беше објавено дека се разбудил од кома и почнал со рехабилитација. Меѓутоа, во ноември 2014 година, германските медиуми објавија дека Мајкл е парализиран и во инвалидска количка, не може да зборува и не може да се сети на ништо. Во септември истата година, тој беше испратен во семејната вила, која беше недостапна за јавноста до мај 2019 година, а потоа нејзините врати беа отворени поради снимањето на филмот „Шумахер“.

Семејството инсистирало закрепнувањето да се одвива далеку од очите на јавноста, а неврохирургот Николо Аќијари на почетокот на 2020 година изјавил дека Михаел Шумахер никогаш повеќе нема да биде истиот човек поради несреќата. Пријателите и соработниците на Шумахер потоа споделија детали за неговото закрепнување со јавноста, тврдејќи дека работите се подобруваат.

Венчавката на Џина Шумахер (27), за која се вели дека е клон на нејзиниот татко, и нејзиниот 28-годишен сопруг Џаин Бетке (28) ја организирала компанија од Германија, пишува The Sun.

Фото:Инстаграм