Се омажи Инди: Пејачката го кажа судбоносното да, објави фотографија со сопругот на Инстаграм

Пејачката Индира Инди Арадиновиќ во тајност го кажа судбоносното да, а сега со тоа се пофали и на Инстаграм.


Таа објави фотографија на која се држи за рака со сопругот, а бурмите се во преден план.

- Рековме да, 10.10.2022 година - напиша Инди.


Инаку, иако Инди долго време го криеше идентитетот на своето момче, објавувајќи заеднички фотографии, но покривајќи го неговото лице, во една прилика навистина го откри, но сепак едвај зборува за врската.

- Кога сакам да зборувам за моето момче, ќе го направам тоа - изјавила еднаш пејачката.



Фото:  Инстаграм

Видео: Youtube