СЕ ПОРОДИ ВОДИТЕЛКАТА БИЛЈАНА МАКСИМОВСКА: ДОБРЕДОЈДЕ БЈАНКА МИШЕЛ ВО НАШИОТ СВЕТ

Добивај вести на Viber

Водителката Билјана Максимовска вчера роди ќерка. Бјанка Мишел е второ дете на Билјана и на нејзиниот сопруг, холанѓанецот Арно. Нивната постара ќерка Аделин, има пет години.

„Среќни родители, второ издание. Добредојде Бјанка Мишел во нашиот свет. Диши со полно срце и душа, имај долг живот исполнет со среќа и здравје. Ќе дадеме сѐ од себе за тебе. Те сакаат мама, тато и дада Аделин.“, напиша Билјана на својот фејсбук профил.

Билјана со постарата ќерка Аделин

За Женски магазин, таа изјави дека и бебето и таа се чуствуваат добро. Сопругот на Билјана е дипломат, и таа со семејството живее близу Приштина, во Косово. „Дома зборуваме на четири јазици“, изјави Билјана во мај во интервју за Женски магазин. Јавноста ја запозна како водителка на емисијата „99 акција“, а нејзин последен ТВ ангажман е „Брза кујна“. Сега се занимава со хуманитарна работа.

(М.Џ.)