СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНОСТА: Легендарниот актер од „Подобар живот“ е тешко болен

Добивај вести на Viber

Аљоша Вучковиќ, легендарниот актер од поранешните ју-простори, на македонската публика најпознат како доктор Иво од култната серија „Подобар живот“, е тешко болен, пренесува српски „Курир“. Вучковиќ, кој вчера наполни 72 години, неодамна беше пуштен на домашно лекување.

- Ништо не работам и не можам да работам. Болен сум и не се чувствувам добро. Тоа е и една од причините што повеќе не играм - изјавил актерот.

Медиумите не откриваат од што боледува актерот, но пишуваат дека подолго време се лекувал во една од приватните болници во Белград. Вучковиќ кој зад себе има преку 70 впечатливи ролји, денес живее далеку од очите на јавноста со сопругата Едита и двете ќерки Леана и Сара.