Се прослави во 90-тите како слатка русокоса, а потоа со естетски зафати целосно се промени: Еве како изгледа денес

Познатата британска актерка Даниела Вестбрук (47) долго време беше мета на потсмев во јавноста поради бројните неуспешни естетски зафати.

Таа се прослави во 1990 година, кога се емитуваше култната серија „Eastenders“, што и донесе светска слава. Даниела тогаш воодушевуваше со нејзината природна убавина, но потоа сè тргна надолу по низата неуспешни операции. 

Фото: Инстаграм/ tims_special_things

Пред неколку години, ситуацијата ескалираше, а таа за медиумите откри дека лицето буквално ѝ скапувало од силните интервенции. 

Фото: Инстаграм/classiceastenders

- Јаболчниците и непцата ми скапуваат затоа што порано бев редовен корисник на кокаин, но и поради лошо направена естетска процедура во 2015 година. „Заради зафатот добив остеопороза“, рече таа за „Мирор“.

Со цел да ги зајакне своите коски пред операцијата, по препорака пиела седум литри млеко на ден. Екстремната операција значело дека ќе и се отстрани дел од черепот со цел да се вметне во нејзините јаболкници.

Зависноста од опијати и зависноста од корекции на крајот ја донесе на улица. 



- Живее со пријателка. Таа не може да си дозволи ниту да изнајми соба. Им призна на пријателите дека е без пари и дека добива социјална помош. Нејзините пријатели и помагаат, но тие не сакаат да и позајмуваат пари затоа што знаат дека таа никогаш нема да им ги врати - изјави извор близок на актерката за магазинот „Now“ пред неколку години.

Даниела се‘ уште се бори за лицето кое скапува и во моментов минува низ процедури со кои се обидува да го реконструира своето лице. Таа напредокот од операциите го објавува на Инстаграм, и буди бура во јавноста затоа што тврди дека нејзините слики се без филтри.

Луѓето ѝ пишуваат дека е невозможно да постигне таков резултат, па ја елиминира можноста да се коментира под нејзините објави на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Danniella Westbrook (@danniellawestbrook_73)



Инаку, Даниела подолго време минуваше низ корекции. Една од нив беше реконструкција на нејзините јаболкници, кои, како што објасни, тие ја реконструирале отстранувајќи ѝ едно од ребрата и вметнувајќи ѝ го во лицето.


Фото насловна: Инстаграм/edwardromunde

Можеби ќе ве интересира:

Беше Мис на Италија, во 2017 година нејзиното момче ѝ фрли киселина во лицето: Вака изгледа и живее денес