Актуелно // Жолта минута
Се разведува премиерот на Канада, Џастин Трудо: „Одлуката ја донесовме по долги и тешки разговори“
Еден од најубавите мажи во светот на политиката, премиерот на Канада, Џастин Трудо се разведува по 18 години поминати во брак со сопругата Софи. Наводно, оваа одлука се официјализирала по долги и тешки раговори.
Парот изјавил дека ќе останат во добри односи бидејќи имаат 3 деца на кои им се потребни.
Од канцеларијата на канадскиот премеир изјавиле дека иако потпишале документи за развод, тие ќе продолжат заедно да се појавуваат на јавни настани.
-Ја замолуваме јавноста за приватност заради добросостојбата на нашите деца. Остануваме семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и кон сето она што заедно сме го граделе и ќе го градиме во иднина, стои во заедничката изјава на Инстаграм.
Џастин и Софи Трудо ја почнаа врската во 2003 година .
Фото:youtube/screenshot