Се роди со 850 грама, по два месеци конечно е дома: Приказна за малиот херој Војдан

Со солзи радосници, медицинските сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вчера го подготвуваа двомесечниот Војдан за дома. 

Малиот херој е роден на 20 јуни, во 28. недела од бременоста на мајка си, со тежина од само 850 грама и 33 сантиметри должина. Тој тргна по стапките на мама и тато, Славица Чамова и Бојан Анастасов кои се планинари, па уште од многу мал почна да ги освојува врвовите. 


Со неговите 850 грама успешно почна да се искачува низ височините на животот. Конечно, рачето на Војдан се спои со мама и тато, направија заедница наречена семејство. Вчера тој, по два месеци  си замина дома со тежина од 1730 грама, објави „Аџибадем Систина“ на официјалната веб страница. 

Целата приказна прочитајте ја ТУКА.