Се сеќавате ли на Буцка од „Ѕвездите на Гранд“: Ослабе 35 килограми, сега изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Пејачката воодушеви со трансформацијата.

Слаѓана Ѓорѓевиќ Буцка стана позната за јавноста пред 13 години, за време на нејзиното учество на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде што со својот глас го воодушеви жирито, а по неколку издадени песни се повлече од јавната сцена и целосно исчезна.

Во тоа време имаше прекумерна тежина, сепак, во периодот во кој беше настрана од јавниот живот, работеше напорно на себе, изгуби неверојатни 35 килограми, и направи трансформација која ги шокираше сите. 

Слаѓана сè уште пее, таа е посветена на семејството и неодамна се пофали со диплома од школа за нега на убавина и се чини дека планира да ја сфати посериозно таа професија.

Погледнете како изгледа сега:
фото:instagram