Се сетив на минати, убави времиња: Каролина Гочева пееше во чест на Маринко Маџгаљ

Добивај вести на Viber

Каролина Гочева емотивно се присети на својот колега и пријател, црногорскиот актер и пејач Маринко Маџгаљ, кој почина од канцер во март во 2016 година.

Поп-ѕвездата беше дел од концертот во чест на Маринко, кој се одржа во Белград, во „Театар на брду“. Го организираше неговиот колега и пријател, Огњен Амиџиќ со кој заедно го сочинуваа дуото „Фламингоси“, заедно со познатиот актер Андрија Милошевиќ.

Каролина и Маринко во спотот за песната „Ти и ја“

„Ова беше една многу убава, емотивна, пријателска вечер, каде што се пееја песните на „Фламингоси“ и некои други песни кои на Маринко му биле драги. Бевме неколку пејачи и повеќе глумци, а заедничко за сите беше тоа што сме му биле пријатели на Маринко“, ни изјави Каролина. Таа, заедно со Огњен Амиџиќ го испеа хит- дуетот „Ти и ја“, и уште еден интересен дует, класиката на Боб Дилан, “Кnocking Оn a Heaven's door“, исто така со Амиџиќ. 

Каролина со пејачката Ана Бебиќ, по концертот во Белград 

„Ги запознав двајцата во далечната 2006 година, кога снимивме заедничка песна и спот. Се дружевме многу тој период, ми гостуваа и на концерти. Токму на концертот се потсетив на некои одамна минати, убави времиња“, додаде Каролина.

Огњен Амиџиќ, Сергеј Ќетковиќ и Андрија Милошевиќ на концертот посветен на нивниот пријател 

На вечерта посветена на Маџгаљ настапија и други пејачи меѓу кои Сергеј Ќетковиќ и уште неколку актери. Амиџиќ, дел од хитовите кои ги пееше со покојниот пријател, ги испеа во дует со Андрија Милошевиќ. На „Фламингоси’ за малку им избега учеството на “Евросонг“ во 2006 година, кога според мноогумина беа морални победници на српско-црногосркиот избор за песна на Евровизија со хитот „Луди летњи плес“. 

М.Џаровска