Се „шушка“ дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ го обновија брачниот завет: На нејзината рака осамна магичен прстен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Дали е тоа, или не?

Јелена Карлеуша е јавна личност која е епицентар на голем број естрадни медиумски настани. Нејзините песни, стајлинзи, ставови и мислење постојано се тема на медиумите.

Приватниот живот на балканската дива е исто така нешто што ги интересира членовите на седмата сила и оние кои и ја сакаат и не ја сакаат Јелена.

Овој пат Инстаграм приказната на Јелена на Инстаграм предизвика вистинска бура и тоа со добра причина.


Имено, Карлеуша објави фотографија на која покрај прекрасните цвеќиња,на нејзината рака може да се забележи прстен на кој пишува „love“ на англиски јазик. Уште поинтригантен е фактот дека на кој прст пејачката го носи споменатиот прстен. Ова е местото каде што по правило се носи бурмата.

Со оглед на тоа што ниту Јелена ниту нејзиниот законски сопруг не се огласиле, се останува на шпекулации. Или, дека тоа е само случајност.

Да потсетиме, Јелена се уште е во брак со екс-фудбалерот Душко Тошиќ, иако нивната врска извесно време беше прекината. Како што рече, тие ретко остануваат сами во својот дом на Дедиње, каде живеат со ќерките во посебни соби.

Фото:Инстаграм