Сѐ уште е во кома: Каква е состојбата на пејачот Дарко Лазиќ?

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Лазиќ и понатаму е во тешка состојба по тешката несреќа која ја имаше во вторникот. Лекарите даваат сѐ од себе за да ја добијат најтешката битка која ја води 27-годишниот музичар и, како што рекол еден од лекарите, неговата здравствена ситуација сега е подобра. Сепак, како што неофицијално пренесува српски „Курир“, конзилиумот стравува од покренување на тромб, што се случува во такви ситуации.

Пејачот кој сѐ уште е во вештачка кома, пред неколку дена беше опериран и за него деноноќно се грижи цел тим експерти. Засега, неговото здравствена состојбата се држи под контрола, но сепак постои страв од згрутчување на крвта што би создало пречка во циркулирањето на крвта низ телото.

- Дарко лавовски се бори за живот, всушност сѐ зависи од неговиот организам. И понатаму е алармантно, бидејќи секоја операција носи ризик од компликации. Моментално, во случајот на Дарко, тоа е тромбоза. И кога интервенцијата ќе помине успешно, во периодот што следи може да дојде до крварења или инфекција која не може да се лекува и која понекогаш завршува фатално по пациентот. Се надеваме дека тоа нема да биде случај со него - раскажува нивен извор.