Се врати во Македонија, се ожени, а сега Илија Илов ќе ја промовира својата прва книга

Добивај вести на Viber

Македонската јавност го запозна преку модни едиторијали, спотови и колумни, а по заминувањето во Америка пред две години, започна полека да гради кариера во полето на филмот и моделството. 

На приватен план, една година по заминувањето во САД се сврши со избраничката Елена, со која стапи во брак на трети август и ја доби ќеркичката Лана, за која во интервју за Женски Магазин изјави: 

„Лана ми даде нова смисла на моето постоење. Таа ме роди како татко и ми покажа дека не е страшно да си храбар. Tаа е вистинска моја миленичка! Пред да и’ посакам нешто неа, сакам себе си да си посакам успех во татковството! Би сакал моите насоки да и’ се само избор, додека вистинската одлуки да се само нејзини“, изјави Илов. 


Во интервјуто, Илов исто така најави и издавање на збирката раскази „Пластични приказни“, чија промоција е закажана за 27 јули, а во врска со инспирацијата за ова дело тој изјави: „По 5 години конечно мојата збирка раскази  'Пластични приказни' на крајот од месец август, во издание на 'Или-или' ќе ја има својата промоција“.

“Иако неговите раскази се насловени како „пластични“ во нив има сè, само нема пластика. Има во нив многу душа, но и многу крв и месо, и други телесни екскременти”. - Проф. д-р Венко Андоновски, Рецензија за “Пластични” приказни”.