Секогаш ќе го сакам мојот„татко“: Лидија Вукиќевиќ се прости од Марко Николиќ

Добивај вести на Viber

Актерката Лидија Вукиќевиќ емотивно се прости од својот колега, Марко Николиќ, кој ѝ беше татко во култната серија „Подобар живот“. Лидија, во серијата ја играше Виолета Попадиќ, а родители ѝ беа Гига Моравац (Марко Николиќ) и Емилија Попадиќ (Светлана Бојковиќ).

„Сигурна сум дека смртта е само видлив прекин на љубовта. Те сакам Гиго и секогаш ќе го сакам мојот телевизиски тато“, напиша Лидија Вукиќевиќ и објави „семејна“ фотографија од Попадиќ.

Магазинот „Стори“ повторно го собра семејството Попадиќ во февруари лани и објави емотивна приказна за култните актери 

Во серијата, нејзините браќа ги играа Борис Комнениќ во улогата на Александар Попадиќ, а најмладиот брат, Боба го играше познатиот Драган Бјелогрлиќ. 

Големиот српски актер Марко Николиќ, почина вчера во Белград во 72. година. Освен улогата на Гига Моравац, она што му ја одбележа кариерата е и онаа на српскикот воен водач Караѓорѓе.