Секогаш ќе правам пластични операции: Ана Николиќ се враќа во форма

Пејачката Ана Николиќ важеше за една од најзгодните пејачки на српсаката естрада. Откако ја роди ќерката Tара која неодамна наполни две години Ана драстично се здебели.

Ана Николиќ пред да почне да слабее. Фото:Стори.рс 

Поради тоа, таа беше мета на критики од јавноста. Пејачката последниве месеци цврсто реши да си ја врати старана форма и редовно на нејзиниот Инстаграм профил објавува фотографии од вежбањето во теретана. На нив се гледа дека Ана значително ја намалила тежината.

„Најсилните остануваат и кога се губи. Одиме“, напиша таа под една од фотографиите. 

„ Јас немам проблем да зборувам за пластичните операции и за силиконите, мислам дека тоа е една сосема нормална и природна работа во 21 век. Имав неколку пластични операции, работев на некои делови од моето тело од кои што не бев задоволна и тука нема ништо лошо. Отворено зборувам и за ботоксот кој редовно го користам, затоа што не поднесувам брчки. Секогаш ќе правам пластични операции, ќе ја направам секоја интервенција која постои денес, затоа што не сакам да видам ниту едно влакно на моето тело. Зошто, кога постои ласерот? Не сакам брчка, не сакам пукнат капилар, не сакам никаква флека на моето лице, не сакам никаква неправилност. Зошто, кога постои толку напредна медицина и естетска хирургија? Тоа е една од причините поради кои го сакам 21. век. Затоа не би можела да се замислам себе си во 18. век на пример. Јас не знам што правеле жените во тоа време, како ги пеглале брчките. Не сум од оние жени кои велат, јас сакам да остарам како катедрала. Не, јас не сакам воопшто да остарам, хахаха“, изјави пејачката во претходно интервју за Женски магазин. 

Ана Николиќ беше во најдобра форма на почетокот од кариерата, кога го испеа хитот „Ромале ромали“