Секој следен ден, сѐ повеќе ми фалиш: Елена Ристеска тагува и откри дека „The Reason“ ја напишала за татко ѝ

Добивај вести на Viber

29-ти септември е тажен ден за пејачката

Пред осум години Елена Ристеска го загуби татко си.  Тој почина по двегодишна борба со карциномот.  

„Осум тешки години без тебе тато, овој септември си ја зема и Валери, најмилото кутре на светот.
Секој следен ден, се’ повеќе ми фалиш. „The reason” ја напишав за тебе“, напиша пејачката под видео со фотографии на кои е нејзиниот прерано заминат татко.

Елена секогаш отворено зборува за тоа и си ја отвара душата. А овој септември починало и кутрето на пејачката Валери. 

Инаку, Ацко, татко ѝ на пејачката беше нејзина најголема поддршка, секогаш беше до неа, на многу нејзини настапи, промоции, животни настани... А Ристеска за него ја напишала песната „The Reason“.



Фото: Инстаграм