Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка: Сестрата на музичката легенда со скршено срце
Огромна бела торта и емотивна посвета по повод роденденот на музичката легенда Тоше Проески, сподели неговата сестра Дора.
„Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена за Проески, кој да беше жив денес ќе наполнеше 42 години.
Тодор „Тоше“ Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) — беше најпознат македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.
Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Посмртное прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.
Тоше за својот роденден купуваше подароци за целото семејство, изјави Дора Проеска, сестра на македонската музичка легенда во едно интервју за Женски магазин.Дора Проеска, сестрата на македонската музичка ѕвезда, откри како изгледала родендеската прослава на Тоше.
-На овој ден, секогаш бевме многу среќни. Со голема радост го славевме неговиот роденден. За роденденската торта беше задолжена мајка ми. Од куќата се слушаа песни. Тоше секогаш беше насмеан, ведар и постојано пееше. Кога беше мал ги канеше на роденден другарчињата од маало, а кога тргна на училиште и децата од класот. Бидејќи се запиша во средно музичко училиште во Битола, мораше да живее таму. Но, за роденденот секогаш доаѓаше дома, да го прославиме заедно, а потоа се враќаше во Битола – вели Дора.
Откако стана ѕвезда, обврските околу кариерата честопати биле причина Тоше да биде спречен да дојде во Крушево и да го прослави роденденот.
-Ќе се јавеше и ќе и речеше на мајка ми „не успеав да дојдам на овој ден, но штом ќе се ослободам доаѓам, ти обавезно направи ја мојата омилена торта“. Омилена му беше тортата со урми или со вишни. Ќе дојдеше после два или три дена. На својот роденден ни даваше подароци на сите. Мене ми купуваше парфем, бидејќи знаеше дека тој подарок многу ќе ме израдува. На мајка ми марама или блуза, а на татко ми шише ексклузивно вино. На децата им подаруваше играчки и гардероба. Ние му велевме „тебе ти е роденден и ние треба да ти дадеме подарок“ . А тој возвраќаше> „секогаш на мојот роденден и вие ќе добивате подароци од мене“. Таков беше мојот брат. Човек со големо срце. Секогаш наоѓаше причина да не израдува со подароци. Откако си замина, секоја година на овој ден мајка ми ја прави неговата омилена торта. Една носиме на неговиот гроб да ја поделиме со луѓето кои доаѓаат да запалат свеќа. А другата е за дома – открива Дора.
ФОТО: Фејсбук