Секоја солза моја, те допре мајкино, најмило мое: Јулија Мациевска емотивна за роденденот на починатата ќерка
Познатата водителка, новинарка и пејачка на народни песни Јулија Мациевска емотивно се потсети на роденденот на нејзината ќерка сликарката Андријана која почина пред две години.
По тој повод, Јулија сподели емотивна песна со која допре до многу срца.
Љубов моја,Анѓел мој Ан
Ти тука си знам
Секоја мисла,секоја солза моја,
Те допре мајкино, најмило мое.
Прости, што мaјка ти се уште учи,
Да биде тоа, што сакаш ти,
Ја барам твојата рака,
Нежна, мека, а јака.
Мислев цел живот ќе ја држам.
Ке чекорам со крената глава.
За мајката, тоа е најголема слава.
Ан, живогот во бои да го слика
Женски приказни, на платно да реди,
Шарени вибрации, да се множат,
Оти велеше, животот убав е,
Разбуди се,погледни во сонцего
И насмевни се.
Твоето главче и косичка мека,
Сакам на рамо да ги почувствyвам мила
Образот твој, ко најмека свила.
А очите твои, ко длабока зелена вода
Поглед бистар и чист,
А душата твоја, нежна ко лист.
Секој можеше да ти се довери тебе,
И да ти каже се,
А ти, никогаш не знаеше да кажеш не.
Мајка пак ти се доверува тебе,
А ти веднаш гласник ми праќаш,
Утеха од Небо носи,
Болка да не ме покоси.
АН, жива е, мајко стани
Со радост подготви се,
Уште еден роденден ќе се слави.
Денот кога Анѓел на свет, Ти роди
Бог така те благослови.
Од најголема болка, ти да се кренеш.
Да сведочиш за животот,
Што без престан тече,
Да прифатиш се- Бог како ќе рече.
И на денот кога, твојата Андријана,
Анѓел на Земјата стана,
Подсети ѓи сите,
На Земниот живот, броени се дните.
Затоа да шириме ЉУБОВ ЗА СИТЕ.
Зашто еден ден кога срцето
Ќе престане да чука,
Душата, штом во Небеса се вивне,
И на хоризонтот ја слушаш како дише,
Знаеш, дека постои само живот
Во бескрај што тече,
Знаеш дека утре, ќе осамне нов ден,
И ќе се слави нечиј роденден,
И така се до недоглед,
Ноќ-ден, ноќ-ден...ноќ-ден...
Нека биде РАДОСЕН
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРИЈАНА!!!
За мојот Жив Анѓел Небесен Андријана
Мојата АН
Нејзината мајка Јулија
ЈУЛИЛИЈ-АН-А“ - напиша познатата водителка на социјалните мрежи.
Андријана лавовски се бореше со канцерот, но ја загуби битката со злокобната болест на 41 година.
Зад себе остави многубројни дела, но и ќерката Стефанија, која полека но сигурно запловува во актерските води.
Баба ѝ е водителката Јулија, неодамна ја загуби мајка ѝ, а таа оди напред: Стефанија Начевска за актерството, загубата на мајка си, и улогата во „Балканска приказна“.