Селин Дион во солзи: Земав дози лекови кои речиси можат да убијат
Селин Дион се појави синоќа во Њујорк на специјална проекција на документарниот филм „Јас сум Селин Дион“ и ги воодушеви фановите појавувајќи се во бел свилен фустан во кој конечно после долго време не изгледа застрашувачки слабо.
Легендарната пејачка им го посвети новиот филм, а главна тема е дијагнозата која ѝ го промени животот – „синдром на вкочанета личност“. Ова ретко невролошко заболување и беше дијаностицирано во декември 2022 година.
Не ѝ било лесно ниту да најде лекари кои се занимаваат со оваа болест, морала да направи бројни тестови дури и да открие што не е во ред со неа. Таа почнала да чувствува непријатност во 2008 година, имала болки и грчеви, па земала валиум (дијазепам) во дози кои би можеле да бидат речиси смртоносни.
„Јас не ни знаев дека тие дози можат да ме убијат, искрено“, изјави неодамна Селин во едно интервју. „Да речеме, пред настап би земала 20 милиграми и додека да стигнам од соблекувалната на сцената, сето тоа исчезнува“, објаснува таа. Во одреден момент, моето тело се навикна на 20, потоа 30 и 40 милиграми.
Тоа траеше две недели, потоа еден месец, а настапите продолжија... во еден момент земав 90 милиграми дневно за да ги ублажам грчевите“.
А спазмите во случај на „синдром на вкочанета личност“ можат да бидат толку силни што можат да го скршат реброто на човекот. „Најлошото е што почнав да паничам, а кога паничиш, грчевите се уште посилни“, се сеќава Селин. Цели 16 години, Селин настапуваше во Цезаровата палата во Лас Вегас и изведе повеќе од 1.000 концерти. Паузата за време на епидемијата на Ковид ѝ даде време повеќе да се фокусира на своето здравје.
Тогаш започна снимањето на документарниот филм кој сега е пред гледачите. На специјалната проекција, Селин низ солзи им се заблагодари на своите обожаватели, но и на синовите - Чарлс-Рене, кој сега има 23 години, и близнаците Нелсон и Еди, кои имаат 13 години. Таа им изрази благодарност на лекарите, но и на нејзиниот покоен сопруг Рене и прочита зошто сè уште ги носи неговите фотографии насекаде со себе.
Извор: lepaisrecna
ФОТО: Инстаграм принтскрин