„Семејството ви дава корени да стоите високо и цврсто“: Шеф Никола од „Брза кујна“ со снежно селфи со најсаканите

Добивај вести на Viber

Никола Мишковски, познат како шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“ ужива во снежните лудории со сопругата Стефанија и двете ќеркички.

„Семејството ви дава корени да стоите високо и цврсто“, напиша Шеф Никола на инстаграм постирајќи селфи фотка од неговите најсакани.


Популарниот готвач често споделува како го поминува времето со семејството на социјалните мрежи.

„Повторно е време да поставите нови цели, да добиете нови достигнувања, да пронајдете нова среќа и да растете повеќе од вчера.

Ви посакувам на сите одлична година исполнета со радост и среќа“, гласи пак новогодишната честитка од шеф Никола и неговото семејство.


ФОТО: Фејсбук официјален профил Никола Мишковски