Северина: Без одобрување фотографијата е искористена во политички цели

Добивај вести на Viber

Хрватската музичка ѕвезда Северина, која синоќа, по насилството за време на протестите во Скопје се најде во центарот на вниманието, откако нејзина фотографија од спотот за песната ,,Muškarcu samo treba kurva’’ започна масовно да се споделува на социјалните мрежи, со образложение дека таа е една од девојките кои биле претепани од полицијата, реагира на невистините. 

Со соопштение до јавноста, преку ,,Фокус’’ нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ појаснува дека фотографијата од Северина била искористена без нејзина дозвола и како станува збор за лага и подметнување.

„Жал ми е што Северина без нејзино знаење и одобрување е искористена во политички цели. Северина овие денови престојува во Хрватска, и не била во Македонија, па затоа било каква поврзаност со неа и нејзиното присуство на одржаниот протест е обична лага и подметнување“- вели Петровиќ. 

Со ова можам да потврдам дека без дозвола е користена нејзина фотографија од видео, од албумот ,,Здраво Марија’’ кој е објавен уште во 2008 година, тврди Петровиќ.