Го оперирав носот, ме убеди докторот: Северина проговори за естетските корекции

Балканската ѕвезда Северина конечно отворено проговори за естетските корекции кои фановите и медиумите ѝ ги препишуваа низ годините. Славната пејачка  ги откри и своите дневни рутини и животни навики кои според неа се важни за убавината.

- На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше ниту крив, ниту грд. Тука застанав. Проблем со дишењето имав по операцијата, а не претходно. Но, сега имам поубав нос. И тоа е факт - раскажува таа.

Северина која е на прагот на педесеттите објаснува дека користи дневна и ноќна крема и дека тоа е сѐ.

- Многу поважна работа од кремите ми е исхраната. За почеток исфрлете ги брашното, шеќерот и солта. И спијте редовно - советува хрватската ѕвезда.