Животна училница // Приказни
Северина: Сопругот ме натера да ја раскажам приказната
- 17 Декември, 2018
За новата балада на Северина, „Имаш право“ многумина велат дека е најемотивната песна која ја испеала до сега.
Северина вели дека песната не би била толку добра ако нејзиниот сопруг, Игор Којиќ не ја натерал да ја испее.
„ Песната на Никос Оикономполис и на Ина Кати Лаик, со денови ја слушаше мојот сопруг. Многу му се допадна. Потоа тој ме наговори да ја испеам, да ја раскажам приказната. Ме наговори да ѝ ја пратам на Марина Туцаковиќ за да напише текст. Им ја посветувам на сите жени херои, кои биле жртви на било каков вид на насилство. Оваа песна е за сите нас, чувствителните“, изјави Северина.
На први февруари во 2019 излегива новиот албум на Северина со наслов „Хало“, на кој ќе има 14 нови песни.