Шест милиони долари Меган пак да глуми во серија: Кралицата не ја пушта
Кога се омажи за принцот Хари, Меган Маркл се откажа од актерската кариера. Сега има можност повторно да им се врати на Тв камерите за сума од шест милиони долари.
Американската ТВ мрежа Ен-Би-Си, е подготвена да даде толку пари акои Меган барем на неколку минути повторно се појави во серијата „Suits“.
„ Подготвени сме да дојдеме во Англија. Нема да те задржуваме повеќе од половина час. Ти бирај време и локација, само серијата нека го добие својот крај“, стои во пораката која Тв мрежата ѝ ја пратила на Меган.
„ Само ја сакаме пред камерите на две минути. Приказната би го следела нејзиниот вистински живот, па би ја изиграла улогата на среќна, бремена жена“, додаваат американските продуценти.
Меган со колегата од серијата, Патрик Џеј Адамс
Најголема пречка во целата работа е кралицата, пишуваат британските медиуми. Тешко дека таа ќе се согласи нејзината снаа повторно да застане пред ТВ камерите како актерка. „ Големи пари се во прашање, Меган сигурно би се согласила, но што тоа би значело за угледот на кралското семејство?“, пишуваат британците на форумите.
Војвотката од Сасекс сѐ уште официјално не одговори на оваа понуда.