Широка насмевка и ненадминлив стил: Меланија им прочита божиќна приказна на дечињата во болницата
Ова е стил што дефинитивно ќе недостасува кога Трамп ќе се иселат од Белата куќа
Во последните денови на позицијата прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп го задржува вообичаеното расположение и широката насмевка, но и ненадминливиот стил по кој е позната.
Сопругата на претседателот во заминување Доналд Трамп, несомнено една од најдобро облечените дами на Америка, вчера беше гостинка во Националната детска болница во Вашингтон, каде што, како што налага традицијата, им читаше божиќна приказна на малите пациенти.
И како и секоја година, на сите им застана здивот со извонредна и внимателно избрана облека инспирирана од празничниот дух.
Едноставно, впечатливо и шик!
Никогаш не била посреќна: Со што ќе се занимава Меланија Трамп по напуштањето на Белата куќа
ГАЛЕРИЈА:фото: Profimedia